Објавен е составот на Комисијата за помилување од Претседателот Стево Пендаровски, во кој има минимални промени. Комисијата составена од претседател и девет членови и натаму ќе ја предводи Уранија Пировска, како претседател, додека за членови на Комисијата се именуваат: Фехми Стафа државен правобранител; Љубомир Јовески јавен обвинител; Љубомир Михајловски адвокат; Кимо Чавдар универзитетски професор; д-р Ерол Рушид; Томислав Кежаровски, новинар; Сафет Алиу поранешен судија во Врховен суд; д-р Зора Митиќ и Билјана Петковска извршна директорка на Македонскиот институт за медиуми.
Одлуката за составот е објавена во Службен весник.
Комисијата за помилување од Претседателот со мнозинство гласови од присутните членови, утврдува мислење односно предлог којшто го доставува до претседателот на Република Северна Македонија.
Врз основа на мислењето на Комисијата, како и врз основа на предлогот на министерот/министерката за правда, претседателот донесува конечна одлука.
В.К.