Американскиот глумец Џереми Ренер, кој се здоби со тешки повреди на скијање во пресрет на Новата година, наспроти лошите предвидувања, заздравува успешно.
Ренер (52) објави видео на Твитер, каде што се гледа како се движи на „антигравитациска лента“, високотехнолошката опрема што ја користи за физикална терапија.
„Сега морам да најдам други работи со кои ќе го пополнам времето за моето тело да се опорави“, напиша Ренер покрај клипот.
Ѕвездата од серијалот шпионски филмови „Борн“ и „Одмаздниците“ на „Марвел“, се повредил при скијање во Невада (САД) додека се обидувал да го спаси својот внук од снежна бура. Глумецот притоа бил згмечен од ратрак за снег, што му скршил над 30 коски во телото. Поради тоа, долго време беше во критична состојба на интензивна нега.
Според западните медиуми, меѓу десетиците повреди во телото, можеби најопасни биле оние кај градниот кош. МИА