Максим Л. (43) самопрогласен „тренер за животен стил“ и инфлуенсер со неговата сопруга го изгладнувале своето дете оставајќи го сам да се храни со сончева светлина. Двојката се соочува со доживотен затвор во Русија.
Сепак, мајката била прилично загрижена и тајно го доела својот син, но тоа не било доволно. Таткото од своја страна со лудата кампања сакал да добие повеќе следбеници на интернет, пишува RTL.
Максим Л. Е познат по тоа што јаде само сиров зеленчук, овошје или никулци. За новороденчето верувал дека би одговарала и построга диета – сончева светлина. Ниту храна, ниту вода не му дозволил, туку само светлината на сонцето.
Тој е следбеник на движење кое верува дека е можно да се добие доволно енергија за живеење само од „прана“, односно моќта на сонцето.
Според британскиот весник „Дејли мејл“, едномесечниот син на двојката поради симптоми на болест бил пренесен во болница во близина на Сочи. Лекарите дијагностицирале дека бебето долго време гладувало и добило пневмонија. Бебето набргу потоа почина. Родителите се под истрага на руските власти и наскоро ќе се најдат пред суд.
Истрагата открила дека таткото сакал да ги реализира своите груби идеи уште од раѓањето на детето. Тогаш Русинот одбил сопругата да се породи во болница, па 33-годишната Оксана М. го родила синот сама дома.
Покрај тоа, Максим и’ забранил на сопругата да го дои бебето. Сепак мајката криѓум го доела бебето. Оксана била под режим на исхрана и додека била бремена, па тајно отила да јаде кај соседите, сведочат познаниците на парот.
Тие открија уште еден шокантен детал – инфлуенсерот Максим Л. намерно сакал да го покаже својот „сончев“ син на интернет за да добие повеќе следбеници.
-Сакаше да експериментира со детето и потоа да им рекламира на другите дека можете да јадете вака“, изјавила мајката на Оксана,Галина во интервјуто.
Галина верува дека Максим ја намамил нејзината ќерка во опасна секта.
-Оксана живееше таму како заморче. Таа беше негова робинка“, изјави Галина.
Максим Л. меѓу другото, е обвинет за злоупотреба на деца и давање отпор на полицијата. Неговата сопруга ќе биде обвинета за небрежност.
извор: RTL