Германија од утрово е во хаос, ова е информацијата која стасува од таму,а се случува поради досега најголемиот штрај за зголемување на платите и брзорастечките цени.
Според светските медиуми во Германија денес нема да функционира ниеден патен, железнички и воздушен сообраќај, откажанис е сите летови. Според информацијата од медиуми единствен аеродром, кој денес ќе функционира е аеродромот во Берлин.
Како ова ќе се одрази врз патниците, кои денес полетуваат, односно долетуваат од Германија?
ММС се обрати до Мегународниот аеродром во Скопје, со цел за поголема информираност на патниците, кои денес планираат да патуваат на едно од германските дестинации.
Од таму ни рекоа дека гужви на аеродром од утрово нема, бидејќи за информација на патниците за откажување на летовите ја имаат авио компаниите.
“Во однос на летовите до/кон дестинациите во Германија моментално ја имаме следната ситуација: Виз ер го реализираше летот до Меминген утрово, по редовниот распоред на летање, односно нивниот авион полета од Скопје кон Меминген во седум часот и триесет минути. Летот до Дортмунд, кој според распоред полетува во 7.55 часот наутро, беше откажан, но авиокомпанијата Виз ер тоа им го најавила на патниците порано, со цел да не доаѓаат на аеродром непотребно, велатг од ТАВ и додаваат:
-За попладнево, по распоред имавме уште два лета до германските градови. Летот до Фридрихсхафен не е откажан и според моменталните информации од авиокомпанијата Виз ер тој треба да полета во 15 часот и 20 минути, додека летот за Хамбург кој полетува во 18 часот веќе е откажан од Виз ер, што значи дека патниците се известени од авиокомпанијата и тие нема да се појават на аеродром, велат од ТАВ.
Дали штрајкот во Германија ќе продолжи и утре се уште не се знае. Но, од ТАВ велат дека за утре нема најавено откажување на летови.
-За утрешниот ден, засега немаме откажувања на летови за дестинациите до/од Германија. За сите промени во однос на редовниот распоред на летови, ги упатуваме патниците секогаш да ги проверуваат со својот авиопревозник. Кога купуваат авионски билети патниците практично склучуваат договор со авиокомпанијата за користење на нивната услуга, оттука за сите права и обврски треба да се обратат до самата авиокомпанија”, информираат од ТАВ.