Струга од групата на до неодамна 20 блокирани општини потроши 100.000 евра за возила
Општината Струга пред Локалните избори во 2017 година немаше пари да ги спроведе изборите, па побара помош од државата. Од тогаш поминаа повеќе од две години, кога некошната општина што позајмуваше, одлучи да купи возила во вредност од 100.000 евра, од кои само возилото на градоначалникот Рамис Мерко е 66.700 евра. Не дека новиот градоначалник Мерко направи финансиско чудо во Струга. Општината и натаму е во групата на задолжени општини, само што овој пат пак се позајми и тоа од државата. Имено, истражувањето на Здружението „Медиа плус“, кое ги анализираше 20 најзадолжени општини на база на документите што ги доби од општините, покажа дека Струга на 30 јуни 2018 година имала долг од 3,5 милиони евра, за три месеци подоцна државата од државниот Буџет, односно од граѓанските пари и’ оддобри дури 4,2 милиони евра да си го покрие долгот. Што би рекле, ем да се покрие, ем да да остане нешто да се почести. Во случајот, Ауди А6 од 66.700 евра.
Во продолжение наодите од истражувањето „Под лупа“ на Медиа плус за Струга, за тоа како се зголемувал долгот, во чие владење и како се трошело.
Под Лупа – Општина Струга
Општина | Вкупен Долг |
Струга | 214.710.470 ден/3,5 милиони евра |
Долг заклучно со 30.06. 2018 година – 214,7.3,5 милиони евра. Од Буџетот на РМ добива 262,2 милиони денари/4,2 милини евра
Актуелен градоначалник: Рамис Мерко – ДУИ
2013 – 2017 – Зијадин Села, Алијанса за Албанците
2009-2013 – Размис Мерко –ДУИ
Долг по година | 2012 год | 2013 год | 2014 год | 2015 год | 2016 год | 2017 год | 2018 год |
Сума во ден | 85.589.584 ден | 145.023.404 ден | 154.276.539 ден | 203.664.093 ден | 234.769.762 ден | 183.622.532 ден | 214.710.470 ден |
Растот на долгот на Општината Струга почнува од околу милион и 400.000 евра во 2012 година, за последните години да се удвои и дојде до три милиони евра. Во 2013 година кога завршува мандатот на Рамис Мерко, а општината ја презема на Зијадин Села во 2013 година долгот е речиси удвоен и изнесува 2,3 милиони евра. Со повторното доаѓање на Мерко за градоначалник, долгот паѓа на 2,9 милиони евра, но веќе во средината на 2018 година, обврските изнесуваат близу 3,5 милиони евра. Една третина од долгот е кон компанијата „Сити лајт“ со која во 2012 година склучила договор за јавно приватно партнерство. Јавното осветлување во општината Струга е дадено на концесија на приватната фирма „Сити лајт“, која како единствено заинтересирана го добила на тендер. Kонцесионерот има преземено обврска да ги замени комплетно сите светилки на подрачјето на целата општина, преку договорот за концесионирање што чини околу 370 милиониденари и е потпишан на 12 години. Од потпишувањето во 2012 година, долгот на општината кон компанијата Сити лајт постојано расте и во 2018 година изнесува над 77 милиони денари(2,1 милиони евра).
Изводите од картичките за финансиско работење покажуваат дека во просек општината секоја година должи на околу 300 доверители и тоа на транспортни фирми за превоз на ученици, за гориво, на јавното претпријатие што го има основано, на агенции за привремени вработувања, на градежни и проектантски фирми. Меѓу компаниите на кои најмногу им должи во изминатите години со поголемите износи се ЕЛЕМ, ЈП Комунално, АД „Илинден“ од Охрид, „Градежник“, „Пуцко петрол“, ГП „Гранит“ од Скопје. Карактеристично е што речиси секоја години се менувале транспортните компании кон кои општината должела. Се трупале обврски, но се јавувале нови компании со кои општината склучувала договори, на кои пак им останувала должна за извршени работи.
2012 долг 85,5 милиони денари
Компании кон кои должи и износи: ЕЛЕМ 23,3 милиони денари, АД „Илинден“ – 21,5 милиони, ЈП Комунално – 9 милиони, Метал електрк – 6,1 милиони, Сити лајт 5 милиони, Електро Струга 2,7 милиони, Транс АГ 2,24 милиони , Зелс 1,96 милиони Ерр коп 1,7 милиони, Транс раиф 1,7 милиони денари, Центар за развој – 1,26 милиони и ВРО Црн Дрим 1,1 милион денари.
На листата на кои должи се и медиуми- како ТВ Калтрина и Журнал.
2013 долг 145 милиони денари
Три компании ја чинат основата на долгот – Градежник – Охрид 57,4 милиони денари, Метал електрик 25,3 милиони, кон ЕЛЕМ 23 милиони денари, следат ЈП Комунално со 5,5 милиони, Електро Струга 3,3 милиони, кон Зелс 2,4милиони, потоа Гони транс – 3 милиони, Бени транс –2,3 милиони денари и со по над еден милион денари кон ВРО Црн Дрим, ДиБ Груп, Центар за разввој, Инсталација Зајас и Рандем. На листата со поголеми побарувањa се уште неколку транспортни фирми и Проаква со над 900.000 денари.
2014 долг 154,2 милиони денари
Општината Струга должи кон: Градежник 49 милиони денари, ЕЛЕМ 23 милиони, Сити лајт 25 милиони, ЈП Комунално – 8,2 милиони, ЕВН 7,6 милиони, ГП Гранит – 5,7 милиони ,кон Зелс 2,9 милиони, Мирани АГ – 2,6 милиони, Бени транс 2,3 милиони, Три М и Пошка Сони по 2 милиони денари, Рандем и Проаква по 1,5 и по над еден милион должи на Инсталација Зајас, Блерим комерц и Црн Дрим.
2015 долг 203,6 милиони денари
Четири компании се најголемите доверители на Општина Струга во 2015 година: Ремис – Охрид со 39,8 милиони денари, Миграни – Велешта со 32,4 милони, Сити лајт со 25,3 милиони и ЕЛЕМ 23,3 милиони денари. Следат ЈП Кмунално со побарувања од 11,4 милиони, ЕВН 9,6 милиони, ТИМ Петрол 9,1 милиони, Пуцко петрол 7,8 милиони и Гранит Скопје со 7 милиони денари. Долгот кон Проаква пораснал на 4,6 милиони, кон ЗЕЛС 3,4 милиони, а општината должи и на Пошка Сони – 2,2 милиони и Цен за развој 2 милиони денари, а со по еден милион кон Винер осигурување, ВИА сигнал, Црн Дрим и Блерим комерц. Побарувања од општината Струга има и Агенција за привремени вработувања СПИД – 747.000 а општината останала должна и кон компанијата за продажба на козметика – АВОН со 73.450 денари.
2016 долг 234.7 милиони денари
Општината со поголеми долгови кон: ЈП Комунлно 37,6 милиони денари, Пелистер Битола 29,56 милиони, Трим 28,9 милиони, Сити лајт 25,3 милиони, ЕЛЕМ 23 милиони, Тим петрол 14,4 милиони, кон Гранит Скопје и Мирани АГ по 7,1 милион, ЕВН 5,7 милиони, Пуцко 5,5 милиони, Пошка Сони 5,4 милиони,кон Проаква 4,3 милиони, ДиБ груп 4,9 милиони и Зелс 3,7 милиони денари.
2017 долг 183.6 милиони денари
Неплатени обврски кон: Пелистер Битола – 29,5 милиони денари, Сити лајт 25 милиони, ЕЛЕМ 23 милиони, ТИМ Петром 15,7 милиони, МИ транс 10 милиони, Гранит 9 милиони денари. Кон ЈП Комунално 8,2 милиони, ДиБ груп 7,7 милиони, ЕВН 5,1 милиони, Мирани 4,3 милиони, кон Зелс 3,7 милиони, Проаква 2 милиони денари. Долгот кон АПВ СПИД изнесува 1,3 милиони денари.
2018 (30.06) долг 214.7 милиони денари
Долгот кон Сити лајт пораснал на 77,6 милиони, без промени долговите кон Пелистер – 29 милиони, ЕЛЕМ – 23 милиони, Гранит 9 милиони, ДиБ груп 7.7 милиони, по 5,5 милиони кон Пуцко петрол и ЈП Комунално. Од останатите обврски кон: МИ транс 4,4 милиони, ТИМ петрол 3,5 милиони, Пошка 3.4 милиони, Мирани 4,3 милиони, Зелс 4,2 милиони денари, Блерим 3,1 милиони, Проаква 2,4 милиони и кон ЕВН 2,2 милиони денари.
Вратени обврски по години | 2012 год | 2013 год | 2014 год | 2015 год | 2016 год | 2017 год | 2018 год |
Сума во ден | 134.568.884 ден | 130.758.631 ден | 121.916.112 ден | 134.644.653 ден | 164.720.294 ден | 230.256.558 ден | 86.380.585 ден |