Во ОУ „Бранислав Нушиќ“ во Смедерево е пронајдена експлозивни направи – мина и бомба и како што потврдиле за РТС, најверојатно се работи за школска опрема без полнење.
Како што јавува телевизијата, децата и вработените се евакуирани, а стручни екипи на МВР се на терен и вршат увид.
Како што информираат од смедеревската полиција, полициски службеници веднаш по пријавата отишле во училиштето. На терен утврдиле дека се работи за една бомба и една мина.
Експлозивната направа ја пронашол вработен во училиштето во кабинет кој не се користи за настава, туку се наоѓа, како што потврдија од управата на училиштето, веднаш до училницата која секојдневно се користи.
Како што рече директорот на училиштето, тој кабинет не бил исчистен повеќе од 20 години , па додека чистел работник ги нашол експлозивните направи и веднаш пријавил.
извор:РТС