Новиот министер за правда најави дека ќе се ангажира за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, двајцата разузнавачи кои се во Грција и за припадниците на Кумановската група, кои Косово одбива да ги испорача на македонските власти.
-Јас го побарав досието поврзано со трансферот на кумановската група, најголем дел од тие барања не се според тоа што предвидува законот така да остануваат некаде 10 чекори до нивниот трансфер во Косово. Сакам да потенцирам дека и за ова прашање ќе треба да имаме согласност од двете страни и се надевам дека за овие прашања како и за други ние ќе имаме комуникација и во државата и со Косово“, рече Лега.
Повторено барање и писма до Унгарија и Грција, најави министерот за правда.
-Бараме екстрадиција од Грција за правдата да биде остварена, да докажеме дека правната држава не е само на хартија. На Никола Груевски му останува за 9 предмети да одговара. Уште еднаш со уште едно писмо ќе барам екстрадиција и ќе објасниме дека ќе биде сместен во тнр. „хашки ќелии“ и во затворот и во притворот, што верувам ќе биде прифатливо од унгарските институции. Тие ќелии ги исполнуваат сите критериуми, објасни Лога.
Градбата на „хашките ќелии“ ги започна владата на Груевски, ги промовираше таа на СДСМ. Изградени се по светски стандарди и ги исполнуваат условите. Екс – премиерот доби азил од Унгарија со образложение дека Македонија нема добри услови во затворите за таа категорија осуденици.
Ќелиите се сместени во новиот дел, и секоја има бања, заеднички простории за престој и фитнес сала, работилници, шеталишта и игралишта.
фото: МИА