Министерот за правда Кренар Лега очекува да го добие мислењето на надлежната Комисија за употреба на историските имиња во рамки на Министерството за правда за бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“, по што ќе донесе одлука дали и ова здружение ќе биде избришано, по пример на битолското.
Како што најави Лега, оваа Комисија ќе заседава утре.
-Централниот регистар достави барање за мислење до Комисијата. Утре е состанокот и врз основа на тој состанок ќе има извештај до министерот за правда и после тоа ќе донесам решение, изјави Лега.
Минатата недела со одлука на министерот за правда, а по претходно мислење на надлежната комсија, беше избришан бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола. Овој потег предизвика лавина реакции во Бугарија.