Во саботата, 25.03.2023 година, почина Јордан Цветков, судија во пензија на Основниот суд во Штип. Судијата Јордан Цветков е роден на ден 31.05.1945 година. По завршување на Правниот факултет во Скопје -дипломирал на 26.06.1979 година, работел како судски приправник во Окружен суд Штип, а по полагање на правосудниот испит на ден 11.12.1981 година, бил вработен како стручен соработник во истиот суд, се до изборот за судија на Општинскиот суд во Штип на ден 31.01.1984 година.
Во периодот од 14.07.2008 година се до неговото пензионирање – 04.06.2009 година, ја вршел функцијата на заменик претседател на Основен суд Штип.
Судијата Јордан Цветков ја вршеше судиската функција професионално и стручно, со особен стручен, професионален и човечки пристап кон колегите, соработниците и странките, по што засекогаш ќе остане запаметен.