Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 1 009 возачи. Од нив, 46 се движеле со 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест со дури 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Според МВР, 540 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 469 надвор од населено место.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува МВР.