Бугарските сточари се незадоволни од цената на јагнето пред Велигденските празници и најавуваат дека оваа недела ќе ги блокираат границите со Грција и Македонија. Причината за незадоволството на сточарите е претстојниот увоз на јагнешко месо за Велигден.
Според сточарите, цената за килограм жива маса за јагне е меѓу 10 и 12 лева(5-6 евра).
-Тоа значи дека во маркетите ќе биде најмногу до 30 лева (15 евра). Околу 25-30 килограми ќе бидат јагнињата. 2 лева е најголема разлика со лани. Бум на увозот на јагнешко месо меѓу Велигден и Ѓурѓовден ќе ги остави нашите јагниња непродадени“, изјави сточарот Красимир Кирилов.
Според него, во 2022 година останале непродадени 20.000 јагниња.