Во вчерашниот број на Службен весник, објавена е одлуката, со која поскапуваат обрасците за личните документи. Поскапуваат обрасците за пасоши, лични карти, возачки дозволи…
Новото поскапување се случува непосредно пред задолжителната промена на личните документи и регистарските таблички на возилата, со што се впишува официјалното име на државата – Република Северна Македонија. Промената, според обврските од Преспанскиот договор, треба да заврши до февруари 2024 година. Казна од сто евра може да заработи сопственик на автомобил кој не ги сменил регистарските таблички.
Од МВР засега нема одговор дали може да заврши работа налепница со содржина NMK, што во многу би ја олеснила работата на граѓаните. Извесно е дека ќе треба да се променат сообраќајната за возилото и секако возачката дозвола на возачот.
Според новите цени, едно четиричлено семејство, за да ги промени документите треба да одвои 180 евра или 10.40 денари.
Пресметката оди вака:
Два пасоши за двајца возрасни – 4600 денари;
Два пасоши за малолетни деца – 3400 денари;
Две лични карти за возрасни – 620 денари;
Две возачки дозволи – 520 денари
Една сообраќајна дозвола – 250 денари
Регистарски таблички за едно возило 1250 денари (дополнителни 1250 денари доколку семејството има уште едно возило).