Во услови кога половина влада ја водата Албанци, а 80 отсто од економските ресори се во рацете на ДУИ, нема ни 2 отсто реализација на инфраструктура во регионите каде живее албанско население. Критиката до актуелните министри од ДУИ ја упати нивниот сопартиец и партиски потпретседател, лидер на фракционерите од тнр. „Огнена група“, Изет Меџити, кој во емисијата „Стадион“ на Канал 77 смета дека потфрлија токму во инфраструктурата, што им е главен адут. Според Меџити, има потфрлување кај сите ресори што ги водат Албанци.
-Толку е потфрлено, што и не можевме да поверуваме. Половина министри во владата се Албанци, 80 од од ресорите со економска политика освен земјоделство и транспорт, се Албанци, а да немаат никаква реализација во регион од каде потекнуваат и носат гласови, е тотална утка, рече Меџити.
Како пример за неефикасност го наведува патот до Блаце, за кој како што рече Миџити се градеше две години.
-Цело време главен адут им е инфраструктура ги имаат ресорите, Ејуп Рустеми е и директор на ЈП за Државни патишта, а има само 2 отсто реализација во нашите региони. Како тогаш да им веруваме дека ќе направат Коридор 8, 10, стотици километри патишта, кога не можат да изградат ни два километри во Блаце. Сега пак се вратија во Блаце, го заборавија потпорниот ѕид, кажа Меџити.
За последниот случај во кој се споменува името на првиот вицепремиер Артан Груби, избраната фирма да ги градите коридорите, Меџити не ја спори квалитетната работа на компанијата „Бехтел и Енка“.
-„Бехтел“ има градено во регионот речиси сегде и е сериозна фирма. Во спој се со турската фирма, дека се сериозна фирма, тоа никој не го спори, но уште пред да почне постапката особено со надзорот, слушавме секакви глупости. Фирма што за занимава со производство на долна облека ќе врши надзор од милион евра, реагираше Изет Меџити во „Стадион“.
Меџити вели дека ова прашање на може да го адресира во партијата, бидејќи не функционираат партиски тела веќе три години.
-Ова не е ДУИ, каков што го знаеме, рече Меџити, додавајќи дека во ДУИ за се’ порано имало долги суштински расправи.
– Имаме програма од 180 ветувања, од кои само две се реализирани и двете се лични – првото е Албанец прв вицепремиер и тоа е Артан Груби и второто е координатор за преговори од ЕУ да биде Бујар. Другите 178 точки од програмата не се чепнати. Да ги прашате, не знаат кои се, а со тие ветување сме излегле пред гласачи, а на крај сме ги заборавиле, рече Меџити.