Новата верзија на апликацијата МојДДВ, според информациите од УЈП е прилагодена согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица. Законските измени, според кои враќањето на ДДВ за граѓаните е во висина од 2100 денари се објавени во вчерашниот број на Службен весник и се во сила.
-Ова значи дека сите корисници на МојДДВ, ќе треба да ја превземат новата верзија на апликацијата од Playstore, Appstore и Huawei appgallery. Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај, соопштуваат од УЈП.
Во моментов апликацијата МојДДВ, ја користат 523 673 граѓани. Кај граѓаните се вратени близу 97,4 милиони евра (6 милијарди денари).