Често се случува бараќата или сестрите да не си личат меѓу себе. Тие може да имаат целосно разллични карактери, интереси и погледи на животот. Од друга страна, чести се случаите каде со нашите пријатели делиме исти погледи на светот.
Во продолжение, прочитајте една необична животна приказна за две жени кои прво биле најдобри другарки, а потоа дознале дека имаат исти гени.
Сè почнало така што Џулија Тинети (31) и Касандра Медисон (32) заедно работеле во бар во Конектикат. Тие се запознале во 2013 година додека биле вработени во барот Russian Lady. На почетокот биле само блиски колешки, но потоа сфатиле дека имаат многу заеднички карактеристики.
Тие две откриле дека имаат иста тетоважа на нивните тела. Всушност тетоважата го претставувала знамето на Доминиканската Република, а што е уште поважно, дознале и дека двете се родени таму и се посвоени токму од таа земја. Откако откриле колку многу заеднички работи имаат, тие бргу се спријателиле, па дури почнале слично да се облекуваат.
„Мислев дека тоа е кул, сè беше многу природно“, раскажала Касандра.
По извесно време тие забележале дека многу си личат една на друга. Колегите и пријателите коментирале дека е неверојатно колку слично изгледаат тие двете. Фактот дека биле родени и посвоени во период од само една година од истото село во Доминиканската Република било пресудна причина да се обидат да дознаат дали постои некаква роднинска врска меѓу нив.
ДНК тестот потоа открил нешто што не ни можеле да го замислат. Откако направиле неколку ДНК анализи и откако нивниот биолошки татко открил дека и второто бебе го дал на посвојување, Касандра и Џулија дознале дека тие всушност се биолошки сестри. Освен тоа, дознале дека имаат уште седум бараќа и сестри кои живеат во Доминиканската Република.
Извор: srecna.republika.rs