Лажна е веста дека во училиште доаѓа киднапер на деца. Уште една панична вест од социјалните мрежи е демантирана полицијата, откако претходно предизвика паника залепена слика на влезот во средно училиште во Скопје.
Фотографијата од маж осамна во музичкото училиште „Илија Николовски-Луј“, всушност е фотографија на крадец, кој раководството на училиштето се обидело полесно да го фати. Оваа фотографија беше споделена на социјалните медиуми со етикета дека се работи за киднапер на помали деца.
-Ниту има пријава за такво лице до полицијата ниту има пријава дека некое лице е киднапирано. И лицето кое ја пласираше оваа лажна вест, ја повлече и јавно објави дека станува збор за лажна вест. Пласирањето на ваквите лаги е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, а за жал зачестено се пласираат последниов период, реагираат од МВР
Полицијата најави дека лицето кое ја пласираше оваа лага ќе биде повикано во полициска станица и до надлежното обвинителство ќе биде поднесен соодветен поднесок против него. При тоа, упати апел до граѓаните да не наседнуваат на вакви лаги.