Мојот личен однос со црквата е само мој со црквата и со мојот духовен отец Јаков и тоа нема да ми го растури фактот што сум градоначалник. Вака струмичкиот градоначалник, Костадин Костадинов одговори на прозивките кон него од Коалицијата Маргини и други организации, кои го осудија неговото појавување на јавна трибина со наслов „Зошто НЕ за сексуалното образование во училиштата“? Оваа трибина учествуваат на Викарниот Епископ Стобиски г.Јаков и универзитетскиот професор Венко Андоновски, кои изнесоа критички ставови на новиот предлог закон за родова еднаквост.
Коалицијата Маргини и Родова платформа, сметаат дека трибината е мешање во секуларноста на државата. Реагираше и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, која оцени дека Предлог законот за родова еднаквост ја унапредува родова еднаквост во општеството, целиме кон општество без стереотипи, враќањето назад е уназадување на општеството.
Градоначалникот Костадинов денеска им одговори на организациите кои го критикуваа неговото присуство на трибината.
-Тоа (верата) е толку интимна работа и да бидеме јавно обвинувани што сакаме да слушнеме. Од друга страна обврска на градоначалникот и на советниците е да слушнат. Дали ќе се согласат или не е нивна работа. Струмица е лидер во имплементација на иницијативи, проекти, во однос на социјалната заштита, во однос на сите ранливи категории на граѓани и од тоа нема отстапување, изјави Костадинов.
Со своја реакција излезе и МПЦ – Струмичка епархија, која смета дека „Предлог законот за родова еднаквост ја унапредува родовата еднаквост во општеството, целиме кон општество без стереотипи, враќањето назад е уназадување на општеството“.