Во штипската полиција синоќа во 22.45 минути градоначалникот на Штип, Иван Јорданов пријавил закани за неговата лична безбедност, потврдија од СВР Штип. На Јорданов, исто така му биле исечени сите четири гуми на личното возило.
-На 21.03.2023 во 22.45 часот во Полициската станица Штип, И.Ј.(35) – Градоначалник на Општина Штип, пријавил дека Ј.М. од Штип, вработен во Општина Штип, во неколку наврати во последните неколку месеци му упатувал закани. Според пријавеното, околу 19.40 часот гумите на службеното возило, кое го користел И.Ј., од страна на Ј.М. биле исечени, соопшти СВР Штип.
Градоначалникот Јорданов не беше достапен за коментар за сомневањата за можна инволвираност на некој. Неофицијално, заканите доаѓаат од едно лице.