ВМРО ДПМНЕ упати повеќе прашања до МВР, укажувајќи на заканата од лицата кои се бореле на страната на ИСИС, а кои опозициската партија се сомнева дека не се дел од листата за следење Безбеден град.
– Спасовски треба да одговори дали има повратници од боиштата во Сирија и Ирак кои биле дел од ИСИС и АЛ-КАЕДА кои не се дел од листата Безбеден град? Дали Спасовски е свесен дека ваквите лица може да се сериозна закана за безбедноста? Дали и членови од нарко – бандите во Скопје, намерно се испуштени од оваа листа, затоа што некому во полицијата тоа му одговара така?, прашува ВМРО ДПМНЕ.