На паркингот на ТЦ „Скопјанка“ во Скопје, рано изутрината гореа две возила. Едното, според тоа што може да се види е сопственост на компанија, од кое е зафатено соседното, кое било паркирано до него.
Изутрината група луѓе беа собрани на паркингот, во исчекување на повеќе детали од истрагата.
Од МВР информираа дека денеска (22.03.2023) во 04.15 часот во Полициската станица Аеродром, Скопје, било пријавено дека на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ настанал пожар во патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Р.(31) од Скопје.
-Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, информираа од МВР.
Возилата се речиси целосно изгорени, по пример на повеќе досегашни инциденти со паркирани возила во Скопје.