Во сабота кон недела почнува летното сметање на времето, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот. Летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03 часот се смета како 02 часот.
Ова е денешната одлука Владата која е донесена е согласно Законот за сметање на времето и е во согласност со европски регулативи.
-Донесувањето на одлуката, според образложението од предлагачот, Министерството за економија, придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Северна Македонија за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори, како за транспорт и врски, така и на други сектори од индустријата, коишто бараат стабилно и долгорочно планирање, соопштува Владата.
Во Република Северна Македонија важи средноевропското зонско време.