Д-р Никола ЛеПере е психолог и авторка на неколку книги. Таа на социјалната мрежа Твитер ја сподели својата лична приказна за трансформација на својот ум, но и на своето тело. Ваквата трансформација таа ја постигнала за една година, а нејзината исповед прочитајте ја во продолжение:
„Во 2016 година ја достигнав најниската точка во својот живот. Се чувствував неисполнето со својата работа и едвај станував од кревет. Имав низа токсични врски и сонував за тоа да ги спакувам куферите и да ја напуштам земјата.
Одлучив да се концентрирам на себе и себеси да се ставам на прво место, нешто што никогаш не сум го направила во својот живот. Секако, тое не беше лесно бидејќи бев длабоко зависна од другите.
Еве ги промените кои ги воведов:
Го средив распоредот на спиење: Одев во кревет до 22 часот секоја вечер и се будев во 6 наутро. Ми требаше време, но набргу моето тело реагираше природно. Правилниот сон ја менува играта.
Водев дневник секое утро, направив нешто што се вика „Дневник на идната јас“. Секој ден живеев во нова емоционална состојба и тоа ми го промени животот.
Го активирав своето тело секој ден, го користев Јутјуб како своја теретана за да заштедам пари, а вежбав и јога.
Почнав да ги анализирам и да ги лечам своите трауми од детството, станав свесна за семејната динамика. Го направив ова од аспект на самонабљудување и се анализирав себеси и моите научени реакции.
Поставив граници – немав никакви граници до своите рани триесетти. Така се чувствував огорчена и исцрпена. Поставив граници и покрај тоа што некогаш луѓето беа разочарани.
Поминав доста време учејќи: читав книги и слушав подкасти на тема психологија и духовност. Научив се за нервниот систем, но исто така и го применував она што го учев.
Почнав за себе да зборувам на нов начини, одлучив да раскажам нова, силна приказна за себе.
Научив и нови вештини. Иако имав докторат по психологија морав да се соочам со реалноста. Научив да креирам содржини, ја развив финансиската свест и така натаму.
Не ги спроведов сите промени одеднаш. Секој ден си давав по едно мало ветување. Почнав со пишување дневник.
Би сакала да можам да кажам дека во ваквите промени влегов со возбуда, но не беше така. Да бидам искрена, јас се жртвував. Се сожалував себеси. Имав многу „негативни“ мисли. Повеќе пати плачев и го мразев тоа што ми е нрпријатно.
Но, бев несреќна во животот за која знаев и сфатив дека е време да научам да се носам со непријатностите. Не се откажав. За една година се трансформирав и тоа не само физички. Вистината трансформација беше на духовен план. Долго се анализирав себеси. Сфатив дека сум емоционално незрела и дека морам сама на себе да си бидам родител.
И тоа го направив. Една година подоцна јас сум како нова личност. Дали сум посебна? Не. Сите имаме способност да се трансформираме“.