Кали Роџерс имала само 16 години кога во 2003-та година на лотарија освоила два милиони евра или околу 1, 8 милиони фунти. Таа го потрошила поголемиот дел од својата награда на лекови и естетска хирургија, а сега открила дека се враќа на училиште за да може да стане медицинска сестра.
Кели потрошила околу 20.000 евра на операции на градите, 340.000 евра на гардероба и дури 570.000 евра на подароци за своите роднини и пријатели, по што останала без пари.
Сега, после сè, свесна е дека многу работи требало да ги прави поинаку.
„Посветеноста и работата на себе навистина се исплаќаат. Многу сум горда на себе и на иднината која ја создавам за моето мало семејство“, изјавила Кали неодамна откривајќи дека се школува за да добие диплома за медицинска сестра. Таа освоила џекпот кога била тинејџерка. Во тој период таа од нејзината работа заработувала четири евра на час.
Пред две години ѝ била изречена 22-месечна забрана за возење бидејќи со својот џиб удрила во ограда откако зела кокаин – пишува The Sun.
Во 2018-та година пак, две жени ја нападнале Кали за време на едно ноќно излегување и ја оставиле без свест со скршени ребра, скршени заби, потрес на мозокот и трајно оштетување на видот.
Во март 2021 било објавено дека таа барала кредит и покрај тоа што во 2013-та добила милионска сума.
Самата зборувала за тоа дека компаниите кои се занимаваат со лотарија треба да наметнат старосна граница за играчите, откако поради сопственото богатство таа буквално излегла од колосек, а тоа придонело таа да не им верува на луѓето.
„Имав само 16 години и целата таа одговорност. Во тие години можете да го добиете и најдобриот совет, но не сте во позиција да слушате. Бев премногу млада. Преку ноќ од безгрижно дете станав возрасна личност“, раскажала таа.
Претходно таа раскажала дека неколку недели откако ја освоила наградата го запознала својот партнер со кого потоа добиле и две деца и се преселиле во куќа вредна 200.000 фунти. Сепак, пет години подоцна тие се разделиле и Кели се обидела да се самоубие.
Најниско паднала кога ѝ биле одземени децата, а потоа потрошила 20.000 евра на операција на градите бидејќи така мислела дека ќе ѝ се врати самодовербата.
Денес само сака да живее нормално со своите деца и целосно е посветена на своето школување.
Извор: zadovoljna.nova.rs