Си замина Мешко, напишаа од Драмски театар за познатиот актер Димче Мешковски (77), кој, како што потврдија од театарот, почна во Америка, поточно во Флорида, каде што живееше долги години.
-Имаше здравствени проблеми, проблеми со рцето. Наташа ми кажа дека починал мирно, во својата фотеља. Негова желба била да не го носат веќе по лекари. Чичко Димче со сопругата долги години живее во Америка, таму одеше и на дијализа. И кога беше во Македонија одеше на дијализа. Каде ќе биде погребот не знам, се уште, ни рече водителката Сања Савовска, која е нивен семеен пријател.
Димче ќе остане запаметен по улогите во „Викенд на мртовци“ беше легендарниот Тасе, во „Солунски патрдии“ го играше Секула, а нѐ смееше и како дел од екипата на „Женски оркестар“, „Хиирику“ и многу други…. Мешковски беше дел и од многу театарски претстави („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“), телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радио-драми и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мртовци“).
Од Драмски театар информираа дека комеморацијата ќе се одржи во салонот на Драмски на 28 март во 12ч.
Кога и каде ќе биде погребан се уште не е познато.