Поранешната пратеничка и лидерка на Глас за Македонија, Солза Грчева на Фејсбук објави дека по гостување во медиумите и било оштетено возилото.
Таа напиша:
-Секој мој жесток настап, како оној пред три дена на Алфа, има своја цена со која морам да живеам. И не е прв, ниту последен пат. Среќа што се уште насочени (на разни начини) на колата. Можат да станат и поинвентивни. Ама ич нема да ме замолчат. Напротив, напиша грчева и објави фотографија од автомобилот.