За актерот Милан Станковиќ на големо се шпекулира дека тој го продолжил животот во манастир.
Милан често го посетува манастирот Невесиње, а сега присуствува на предавање во присуство на бројни верници и свештеници, што го потврдуваат и фотографиите од овој собир објавени на социјалните мрежи.
Милан прво го привлече вниманието со своите необични стајлинзи, потоа со врската со пејачката Рада Манојловиќ, а последните години со одлуката да го промени животот и да му се посвети на манастирот каде што наоѓа мир.
Животот на популарниот пејач не бил лесен уште од неговото детство, а малку е познат фактот дека таткото на Милан пред повеќе од 30 години убил колега од работа, поради што е осуден на неколку години затвор.
Откако поминал пет години во затвор, таткото на пејачот починал под неразјаснети околности. На семејството му кажале дека загинал паѓајќи од скеле, но и денеска не веруваат.
„Имав само пет месеци кога татко ми отиде во затвор. Затоа не се сеќавам на него, но низ глава ми поминуваат слики од посетите. Никогаш не сум имал чувство дека имам татко, туку некој што го гледам повремено. Татко ми убил извесен човек со кој работел во пекара поради некој долг. По пет и пол години ни кажаа дека паднал од скеле и починал, но јас не верувам. Мислам дека се работи за крвна одмазда“, изјави тогаш Станковиќ за „Курир“ и додаде:
„Не знам каков ќе бев да пораснев со татко ми, но секогаш се чувствував инфериорно. Да кажам во одруштвото дека немам татко, би предизвикал сожалување. Како да сум јас виновен што е така. Најмногу ме погодија писмата што ги праќаше од затвор. Ги најдов еднаш случајно и бев целосно изгубен. Знаев дека не можам да го вратам. Чувствував колку е различно секое негово писмо, некои од нив покажуваа очај, понекогаш оптимизам. И покрај се, мајка ми ме поддржуваше и се бореше за мене и за сестра ми. Работела во продавница, пеглала, чистела куќи. Таа често позајмуваше пари“.