СВР Штип информира за љубвни проблеми на маж од селото Теранци, кој вознемирувал жена од Виница.
-На 18.03 2023 во 22.25 часот во СВР Штип, 48 – годишна жена пријавила дека пред околу три месеци, С.М.(32) од Теранци, општина Чешиново-Облешево ја вознемирувал преку социјалните мрежи за да биде во љубовна врска со него. Според пријавеното, на 17.03 2023 во дворното место на ЈЗУ Здравствен дом Виница, С.М. и го земал мобилниот телефон и го скршил, а истото го направил и на 18.03 2023 околу 20.00 часот пред семејниот дом во Виница. За случајот е запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, информираат од СВР Штип.