Цените на месните производи ќе бидат една од наредните мерки што ќе се анализираат, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој денеска, одговорајќи на новинарски прашања, ги поздрави компаниите од месната индустрија кои уште пред март, како што рече, почнаа да ги намалуваат цените.
-Сакам да ги поздравам некои од домашните компании кои уште пред март почнаа да ги намалуваат цените. Ние и ги посетивме. Цените на месните проиозводи кои се увезуваат ќе биде една од наредните мерки што ќе се анализираат од страна на Министерството за економија, истакна Бектеши на прес-конференција во Владата.
Министерот на прес-конференцијата соошти дека утре ќе се замрзнат цените на оризот и јајцата, а шекерот и брашното се веќе намалени и трендот на намалување ќе продолжат.
-Ако трговците не ги намалат цените кон крајот на делава или почетокот на другата ќе слкедат дополнителни одлуки за шеќерот и брашното и шеќерот. За јајцата ќе биде една од цените во март и тогаш ќе ја објавиме цената. Имаме најефтина цена на јајцата и внимаваме заради празниците што доаѓааат нема да има зголемување на цените, ниту недостаток, рече Бектеши.
–