Србија бега од потпишување на договорот – изјави вечерва косовскиот премиер, Албин Курти по дванаесетчасовните разговори во Охрид.
„Постигнавме јавен договор за анекс кој ќе го води спроведувањето на основниот договор. Другата страна бега од потпишување на договоро, сега со анекс. Останува на Европската унија да најде механизам статусот на овој договор да го направи правно обврзувачки. Што се однесува до анексот, тој ќе биде објавен на порталот на ЕУ и таму ќе разберете што има, а што нема“, посочи Курти во изјавата за медиумите.
Тој рече дека косовската страна била подготвена да го потпише договорот и претходно во Брисел, но и сега во Охрид. Според косовскиот премиер, договорот за Заедницата на српските општини е постигнат порано.
Се залагам за правата на сите во Косово и на оние кои имаат сопствен приватен имот на Косово. Ова не е конечен договор, но договорот е прифатен како и денешниот анекс. Претседателот на Србија бега од потпишување на договорот кој „де факто“ значи признавање. Сега имаме анекс како ќе го спроведеме. За нас овој договор е прифатлив, не бегам од потписот – додаде Курти.