За прегазувањето и смртта на 11-годишната Магдалена Иванова од Велес, на велешанецот Ангелче Николов (27) судот му изрече затворска казна во висна од 18 години. Николов е осуден за две кривични дела и тоа: „Тешки дела против безбедноста на луѓето“ и „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, затоа што побегнал од местото на несреќата. За смртта на девојчето Николов доби 17 години и шест месеци, додека за второто една година. Судијката Габриела Гајдова му изрече единствена казна затвор во траење од 18 години, за двете дела, кои ги сторил со умисла и по признание на вина. Иако ја призна вината, на Николов му беше изречена казна што е две години помалку од максималната за овие дела. Отежнителна околност е што Николов го усмрти единственото дете во семејството Иванови.
Судијката Гајдова, при изрекувањето на казната рече дека отежнителна ооколност е тоа што Ангелче Николов по прегазувањето на девојчето, безобѕирно го напуштил местото на настанот, и не се обидел да ги поправи штетните последици предизвикани од негови дејствија.
-Се криел повеќе од 30 часа, не се интересирал што се случил со оштетените и што се предал по толку време судот на го цени како олеснителна околност. Претходно два пати е осудуван за сообраќаен прекршок, при што му се изрекувани забрани за управување на возило, што укажува дека се работи за лице со ниско ниво на сообраќајна култура, не почитува сообраќајни пропусти и изречените казни не влијаеле на него. Изреченото признание судот го зема како придонес за побрзо завршување на постапката, кажа Гајдова.
Признанието на вина, Судот не ја оцени за искрена. Олеснителни околности се дека не е кривично осудуван и дека е безимотен. Николов доби забрана за управување на моторно возило, што ќе важи во следните пет години.
Пресудата не е правосилна, додека осудениот Николов, останува во притвор се’ до првавосилноста.
Сообраќајната несреќа се случи на 17 декември, лани. Возачот Николов бил во неговото возило од марка мерцедес со уште тројца други таа вечер околу 22,15 часот возел под дејство на алкохол и со брзина двојно поголема од дозволената на тоа место.
Магдалена Иванова беше прегазена на пешачки премин, во центарот на Велес. Нејзината мајка заврши со тешки телесни повреди – со две скршеници.