По претходна наредба на Основниот суд во Штип, полицијата денеска изврши претрес во дом на штипјанец, каде била пронајдена марихуана.
Како што соопшти МВР, по претресот уапсен е М.Д. (34), во чиј дом, во помошни простории, е пронајдена марихуана.
-Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираше МВР.
Приведениот од претходно е познат на полицијата.
фото: Архива