„Секогаш импресиониран како продолжува да се бори за вистинската иднина на Северна Македонија во Европската Унија“, напиша на Твитер Александар Сорос од Фондациите Отворено општество, кој изминатите денови беше во Македонија и во регионот. Сорос, оваа порака ја упати по средбата што ја имаше со вицепремиерот Артан Груби, кој пак исто така на Твитер, ја забележа оваа средба во „спортскиот кабинет“.
„Пријателски разговор околу актуелната политичка ситуација, европската перспектива на земјата и целиот регион со американскиот филантроп и Претседател на Фондацијата “Отворено општество“, г-дин Александар Сорос“, напиша Груби.
Секако, повторно во центар на внимание беа спортските реквизити од кабинетот на Артан Груби, каде неодамна неговите сопартијци, министрите од ДУИ, играа кошарка и фудбал на мали голчиња. Според фотографиите, Сорос се одлучи за фудбалот.
Претседателот на Фондациите „Отворено општество“, Александар Сорос во Скопје дојде од Тирана, Албанија. Градоначалникот на Тирана, Ерион Велај, ја одбележа средбата со Сорос, изнесувајќи факти за делувањето на неговата фондација, дека од 1997 година, вложи 100 милиони долари, изградени и поправени 275 училишта и градинки.
„Секој кој направил повеќе од тоа има право да зборува за теории на заговор. Да бидеме благодарни 🙏 на сите што помага на нашата земја“, напиша Велај.
По информациите што беа пресенесни во македонските медиуми дека се затвора канцеларијата на Фондацијата во Скопје и од Тирана ќе управува со финансиите за Западен Балкан, сепак излезе дека се работи за шпекулации. Сараево и Босна и Херцеговина се избрани за централната канцеларија за балканските активности на Фондацијата “Отворено општество“.
Ова го критикуваше лидерот на Босанските Срби, Милорад Додик, откако неговата влада ги донесе нацрт-измените на Кривичниот законик на Република Српска со кои се озаконува вербалниот деликт. Со измените се предвидени високи казни од по до десетици илјади евра за делото клевета, кое беше декриминализирано во 2003 година.