Џенифер Лопез повторно доаѓа во Србија, ексклузивно дознава српски Курир.
Популарната пејачка овој пат пристигнува на приватна забава на бизнисмен (име и презиме познати на редакцијата) кој за неа платил ни помалку ни повеќе туку 200.000 евра.
Според сознанија на Курир, латино дивата кон крајот на мај ќе слета со приватен авион на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде на пистата ќе ја чека луксузно возило кое ќе ја однесе до локацијата каде што ќе се одржи забава.
Овој моќен човек веќе организираше забави на кои присуствуваа ѕвезди од светскиот џет-сет, а сега на ред е светски познатата дива да биде меѓу неговите гости. Додуша чини пари, но според нашиот извор тој не жали да го одврзе кесето.
-Џенифер треба да биде на забавата два часа. Се беше договорено преку нејзините агенти. Во цената е вклучен трансферот на пејачката, престојот и дружењето со славеникот и неговите гости. Познато е дека таа слетува на аеродромот околу шест часот. Од аеродромот до локацијата каде што ќе се одржи прославата треба да се вози еден час. Таму ќе остане уште час-два, по што ќе се врати во Америка. Нејзиниот тим не побара никакви дополнителни услови, само да не присуствуваат медиумите на настанот, ниту пак гостите да ѝ пречат со разговор – вели изворот на Курир.