Вчера вечер во хотелот Лимак во Скопје се одржа гламурозна модна ревија по повод големиот јубилеј -20 години од првата Модна недела одржана во Скопје – Fashion Weeek Скопје, Мацедониа, која тогаш, а и сега ја организираа Мики Црнокрак и Милорад Цајиќ со нивните агенции Модното студио „Црнокрак“ и „Кворум моделс“.
На ревијата модели носеа манекени и манекенки кои и тогаш пред 20 години учествуваа на таа прва Модна недела, одржана во хотелот Холидеј Ин во Скопје.
На модната писта се појавија Светлана и Мики Црнокрак, Сани Богдановска, Ирена Спировска, Вера Мештеровиќ, Ана Биновска, Марија Васиќ, Драгана Клопчрвска, Армандо Чаволи, Коки Лондза и многу други, испратени со громогласни аплаузи кои не пресануваа во текот на целиот настан од многубројната публика која ја исполни големата сала на хотелот Лимак, дојдена да го испрати овој навистина голем и гламурозен моден настан.
Од манекените и манекенките кои продевилираа можеше да се види дека годините не им можат ништо, дека и понатаму се убавина, која не старее.
Фото: Вангел Тануровски