Љубовната приказна на Бренда и нејзиниот сопруг Исаја докажува дека животот пишува романи, и тоа најубавите, со среќен крај.
Бренда пред неколку години сакала да испрати циркуларна порака на неколку броеви од својот телефон, но еден број случајно погрешно го внела.
-Избрав цитат од „Библијата“ и го испратив до сите мои контакти, кои тогаш не беа многу, само 10 луѓе. Меѓутоа, по неколку минути, телефонски број за кој мислев дека е од мојот пријател ми одговори: „Амин, кој е тоа?“ – вели Бренда, а пренесува „Метро“.
Како што вели, сега верува дека тоа било судбина, бидејќи да ја пратела пораката неколку минути порано, Исаија никогаш немало да ја добие.
Според нив, Исаија купил нов телефон 30 минути пред да ја добие таа порака, па добил нов број, кој, како што се испоставило, се наоѓал во именикот на неговата идна сопруга Бренда. Размениле неколку пораки и решиле да одржуваат пријателски односи, но набрзо сфатиле дека сакаат да се видат лично.
-Бев многу возбудена поради тој факт, сето тоа го романтизирав, но бев неодлучна. Се плашев да го отворам срцето. Размислував „што ако некој се шегува со мене“, далеку беше да знам кој е од другата страна – вели таа.
Меѓутоа, мајката на Бренда имала добро чувство и ја убедила да го види Исаија. И мајката била во право, само неколку месеци откако се запознале, Исаија ја запросил, а една година подоцна парот се венчал.
Тие двајца сега имаат шест деца и наскоро ќе прослават 13 години брак.
-Божјиот прст сигурно го води секој чекор од нашата врска. Многу ја сакам нашата приказна, која ги создаде и нашите деца – заклучува Бренда, пренеува телеграф.рс.