Професорот по генетика, Дејвид Синклер е молекуларен биолог кој го прослави својот 53-ти роденден, но тврди дека неговото тело има само 43 години. Овој истражувач од Харвард верува дека успеал да го победи стареењето.
„Не е пресудно кога ќе се родите, туку колку се здрави вашите клетки“, објаснува Дејвид.
Своите методи почнал да ги применува кога во триесеттите сфатил дека „набил“ вишок килограми и дека пие премногу алкохол.
Клучен елемент на неговата стратегија, како и кај повеќето режими на здрав живот, е вежбањето. Дејвид трча три пати неделно, а алтернативата може да биде пливање, возење велосипед или брзо одење. Д-р Синклер вели дека аеробните вежби се неопходни за клетките успешно да се борат против стареењето.
Своето класично биро за пишување го заменил со маса на која стои додека работи, што драстично го намалило времето поминато во седење.
Второто правило се однесува на исхраната. Дејвид применува автофагија за само неколку часа на ден. Тој е убеден дека овој процес ги забавува промените во синџирот на ДНК кои доведуваат до стареење на организмот.
Секој ден, овој научник пие зелен мача чај два пати на ден. Овој пијалок му го приготвува познатата готвачка Серена Пун, а својствата на чајот му помагаат на телото да се бори против воспаленијата.
Тој зема и две таблети ресвератрол дневно и верува дека овој додаток добиен од грозје го продолжува животот. Научните истражувања, засега, не го поддржуваат неговото мислење.
Дејвид многу внимателно го избегнува стресот и ги избегнува „будалите“. Со овие зборови овој научник опишува еден од неговите главни принципи во животот.
„Не се стресувам многу за разни проблеми“, вели тој. „Се обидувам да се опкружам со луѓе кои не се будали, пренесува Лепа и среќна.рс.