Летовите во Грција денеска ќе бидат прекинати, а бродовите ќе останат закотвени во пристаништата за време на штрајкот поради најсмртоносната железничка несреќа во земјата.
24-часовниот штрајк на најголемите синдикати во приватниот и јавниот сектор во Грција, исто така, се очекува да ги затвори јавните служби и државните училишта и да го наруши градскиот транспорт.
Тој е последен во серијата протести по верижниот судир на патнички и товарен воз во централниот грчки регион, пренесува Б92.
Штрајкувачите, кои ја обвинуваат конзервативната влада и политичкиот естаблишмент во земјата дека ги игнорираат повиците на синдикатите за дефектните системи за безбедност на железницата.
„Сакаме колективно да го изразиме нашето разочарување од она што не се случило со години, но пред сè сакаме да го изразиме нашиот гнев за она што се случи во Темпе“, се вели во соопштението на синдикатот ГСЕЕ.
Нема да дозволиме недостигот на транспарентност, прикривање, негирање на одговорност и какво било одложување да доведе до заборав“, беше посочено.
Поведена е судска истрага за несреќата.
Сите летови ќе бидат прекинати во периодот од еден часот наутро до полноќ по локално време, а ќе бидат дозволени само прелетувања, итни летови и летови за спасување.
Несреќата предизвика гнев во јавноста. Минатата недела, десетици илјади луѓе се собраа во Атина и други градови низ Грција на најголемите улични протести со кои се соочи владата од изборите во 2019 година.