По денешното изгласување на одлуката на Советот на Општина Бутел, со која се бришат 7 маркици од Деталниот урбанистички план, според Град Скопје не ја менува трасата на Булеварот „Боца Иванова“. Токму спречувањето на изградбата на овој булевар, што го гради Град Скопје, беше мотивот за донесување на одлуката.
Меѓутоа, како што соопштува Град Скопје, тоа не ја менува фактичката состојба со булеварот.
-Ја поздравуваме одлуката на советниците во Советот на општина Бутел да го послушаат апелот на град Скопје и да ги избришат 7 маркици со кои се предвидуваше изградба на згради, а кој ДУП го гласал токму Дарко Костовски како советник во Советот на општина Бутел во 2015. година. Истите беа во директна спротивност на начелото за хумано живеење, како и со вториот план со кој се предвидуваа 26 метри високи згради. Сепак, ова не ја менува суштината на проблемот во врска со булеварот „Боца Иванова“. Трасата на овој булевар е утврдена со ГУП кој е повисок акт на ДУП и истиот не може да се промени со иницијатива на општина Бутел, соопшти Град Скопје.
Но, поинаку мисли градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски
-Едногласно Општина Бутел и кажа НЕ на Данела Арсовска! Ова се прави за нашата иднина, се’ со цел да се зачува мирниот, спокоен живот кој што го сакаат и бараат граѓаните на општина Бутел. Општина Бутел треба да дише, а не да се дави во бетон и да се гради на секој слободен простор. Повеќе зеленило, повеќе простор за спорт и рекреација беа дел од моите ветувања во мојата предизборна кампања, соопшти Костовски.
фото: ФБ