Поради малигнен тумор, на девојче ѝ била ампутирана ногата, но сега е повторно сошиена, свртена само за 180 степени.
Откако на британската седумгодишна Амелија Елдред ѝ бил дијагностициран малигнен тумор поради кој морало да ѝ ја ампутираат ногата, ова весело девојче го избрало танцувањето за своја активност.
Но, ампутација над коленото би го жртвувала коленото, кое игра важна улога во управувањето со протезата. Така, во јануари 2018 година, кога лекарите отстраниле дел од бедрената коска на Амелија погодена од клетките на туморот, ја спасиле нејзината потколеница, но повторно ја прикачиле на ногата ротирана за 180 степени.
За жал, ги сошиле само потколеницата и стапалото кое сега било свртено наназад. Иако левите прсти на Амелија се насочени наназад, нејзиниот глужд на овој начин ќе го замени и коленото кое морало да биде ампутирано.
Кога Амелија ќе биде целосно излечена, тоа ќе ѝ овозможи ефикасно да ја користи протезата и на тој начин ќе ѝ овозможи да продолжи да се занимава со нејзините омилени активности.
„Операцијата, позната како ротатопластика, може да се користи за лекување на тумори на коските кај децата кога ќе се појават во близина на коленото“, вели Дана-Фарбер Бостон од Детскиот центар за рак и крвни нарушувања.
Ова не е првпат да прават ваква операција. Истражувањата покажале дека успехот на овој метод на лекување е помеѓу 84 и 88 проценти, а стапката на преживување на децата и тинејџерите со оваа дијагноза е 70-75% според податоците достапни на St. Jude’s Children’s Hospital.
Пред операцијата, Амелија била подложена на петнеделна хемотерапија, која не успеала да ѝ го намали туморот. Дванаесет дена подоцна, последен пат почнала со хемотерапија.
Сега девојчето е здраво, добило протеза која е функционална и игра балет. Многумина сметаат дека е неверојатно.
-Таа е на пат да добие протетска нога и рехабилитација, па до лето треба да биде целосно подготвена за игра – пишува мајката на Амелија, Мишел Јардли-Елдред и додава:
-Нејзиниот дух е неверојатен. Навистина неверојатно – објави popularmechanics.com.