Плус-сајз моделот и годинешна водителка на Оскарите, Ешли Греам, го коментираше интервјуто со Хју Грант, кое налути многу гледачи на Оскар и корисници на социјалните мрежи.
„Знаете што, мајка ми ми рече да убивам луѓе со добрина, па еве ти“, изјави Греам накратко за ТМЗ.
Манекенката не сакаше да испрати никаква порака до актерот кој беше мета на критики поради интервјуто со неа, но изјави дека е задоволна од своето ново искуство. “Добро си поминав. Нозете ме болат, но се забавував”, опишала манекенката.