Формирана е комисија и обезбедени се сите потребни документи од здравствените институции каде се одвивало лекувањето на пациентката. Вака се произнесе денеска Лекарската комора по објавата на статијата за родилката Дона Неделковска од Тетово која при породувањето остана без матка, а од најавениот стручен надзор „ни трага ни глас“.
Стручниот надзор во декември 2021 година го најави тогашниот министер, Венко Филипче, а без извештајот од надзорот правниот тим на Неделковска не може да отпочне судска постапка.
Од Лекарската комора денеска за ММС информираа дека обезбедените документи се во завршна фаза на обработка и наскоро се очекува да биде донесен заклучок кој согласно процедурата ќе биде доставен до Министерството за здравство.
-Лекарската комора како и лекарите кои ги ангажира за извршување на стручниот надзор, а кои се вработени во здравствени установи, ја разбираат потребата на пациентите и интересот на медиумите, поради што вложуваат максимални напори да одговорат што побрзо на доставените барања за вршење на стручен надзор, но поради короната имаше поголем број на барања, поради што динамиката беше забавена, но овој проблем е во фаза на надминување – се вели во денешниот одговор до ММС од Комората.
Оттаму додаваат дека во време на пандемија приоритетот на дејствување на лекарите бил насочен кон лекување на пациентите, а имајќи предвид дека истите тие се ангажираат и за стручен надзор не можело да се одговори на барањата за стручен надзор со очекувана динамика.
В. Ми
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Неистакнување на македонското знаме при посетата на Претседателката Сиљановска Давкова на Бугарија е резултат на:
- Непочитување на државата Македонија (55%, 808 Гласови)
- Наивност на актуелната власт, а посетата превид на Кабинетот на Претседателката (17%, 254 Гласови)
- Порака дека нема дијалог додека не се исполнат бугарски условувања (13%, 185 Гласови)
- Превид на протоколот, се прави афера од ништо (9%, 136 Гласови)
- Порака дека Претседателката не е добредојдена (5%, 77 Гласови)
Вкупно гласови: 1.460