Јужноафриканскиот рапер Коста Тич ненадејно починал минатиот викенд, соопшти неговото семејство, само неколку часа по настапот на музички фестивал.
Раперот, чие вистинско име е Констатинос Чобанглу, имаше само 28 години.
На социјалните мрежи кружи клип од неговиот настап на кој се гледа дека тој паѓа на бината и го зема колега музичар. Коста Тич неколку секунди се обидува да стане, но потоа повторно паѓа.
„Со длабока болка објавуваме дека почина“, објави неговото семејство на Инстаграм неколку часа подоцна.
„Сакаме да им се заблагодариме на итните служби за нивната брза реакција и на сите што беа со него во неговите последни часови.
Во соопштението на семејството не е наведена причината за смртта.
Организаторите на фестивалот набрзо издадоа соопштение во кое се вели дека „Коста Тич беше гласот на јужноамериканската рап сцена – талентиран музичар, танчер, пејач, текстописец и пријател“.
Неговата песна “Big flexa” стана апсолутен хит, тој беше ѕвезда на ТикТок и соработуваше со раперот Акон кој гостуваше на ремиксот на песната што го прослави, пренесува Мондо.рс