Партиското поставување на директори значи и слабост во менаџирањето на државните институции. Поради тоа, како што рече вицепремиерот Фатмир Битиќи во емисијата „Стадион“, тој често на седниците на Влада, излегувал со барање некој директор да се смени поради лошото работење.
-Се поставуваат добри луѓе, професионалци, но некогаш се соочуваме, ме знаат од Влада, често знам да побарам на седница на Влада некој да разрешиме, некој директор, менаџер на јавна институција.
За ЕСМ и МЕПСТО сте побарале?
-За МЕПСО директорите веќе се сменети. Во Национални шуми во мојот мандат се сменија тројца директори, во Македонски пошти четири. Јас барав во една од институциите, без разлика што се сменија коалиционите партнери, да не се смени директор, затоа што имаме навистина добар професионалец.
За кој директор, за која институција?
-Ајде да не кажам, зошто што ќе знаат. Беше чудно, не од моја партија, реакцијата беше од други, – „да, ама он не е наш…“ Да, ама дечкото е добар. Да, секако, менаџерот ќе го згрижиме, рече Битиќи.
Вицепремиерот жали што е сменет директор на Македонски пошти, бидејќи започнал со процес на реорганизација и бил добар.
-Требаше да го смениме исто и директорот на Железници Транспорт, а почнавме процес на реорганизација, ама треба да го смениме, затоа што не е од соодветната партија, изјави Битиќи во „Стадион“.
На прашањето за иницијативата за создавање на албански општини, Фатмир Битиќи рече дека ние сме далеку напред во правата на сите граѓани и пример сме за инклузивност и соживот.