Не е ист концепт на изградба на најавените 110 километри автопат во државата од двата коридора, како што беше со договорите што Владата преку закон го склучи со кинеската компанија Синохидро. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вака го почна објаснувањето на деновиве склучениот договор со компанијата „Бехтел и Енка“, во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
-Со вака склучениот договор, ние немаме задолжување кон „Бехтел и Енка“, кој не ни ги наоѓа парите како со Кинезите. Изградбата е поразлична. Секој година ќе издвојуваме од буџет по 200 милиони евра, за да стигнеме до проектираните милијарда и 300 милиони, изјави Битиќи.
На прашањето дали Вадата смета на донации, како тие од Европска унија или ќе бидат тоа средства само од буџетот, Битиќи кажа дека за железницата секако добиваме средства, а во последната фаза ЕУ одвоила 40 отсто од вредноста на проектот.
-Во втората фаза исто така очекуваме поддршка од ЕУ. Ова е можно и за автопатиштата. Патот Кичево – Охрид не беше во паневропскиот коридор, ние успеавме да го ставиме и за првпат ЕУ ќе ни даде сред. Ние ќе апелираме и за овој. Да, автопатишта во должина од 110 километри, се одлучивме на ваков начин, бидејќи сметаме дека конечно треба да покажеме нов начин на градење, рече Битиќи.
Вицепремиерот одговори на критиките и реакциите во јавноста и сомневањето дека во овој проект се вклучени компании за кои има сомневање дека биле вклучени во коруптивни зделки.
-Во изминатите 30 години во просек годишно се граделе по 5 километри! Никогаш повеќе од 5 километри годишно и толку е капацитетот на нашата држава. Од тие милијарда и 300 милиони евра, половина е предвидено за домашни компании кои ќе работат на автопатиштата. Бујрум, ама нема да можеме да се влечи градбата, кажа Битиќи.
Како што најави, следната година ќе го имаме готов експресниот пат до Прилеп, а годинава почнува автопат кај Битола.
Најновиот договор потпишан со конзорциумот „Бехтел и Енка“, кој треба да гради четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д.