Повеќе од три месеци, непознати лица со користење на градежна механизација си копалe во близина на археолошкиот локалитет „Мојомија“.
Местото било земено под закуп од приватна фирма, која што и го пријавила случајот во полиција. По направениот увид од соодветните институции, утврдени се оштетувања на предмети за кои се претпоставува се дел од овој археолошки локалитет.
„Во текот на овој месец во ОВР Виница, од приватна фирма од Кочани било пријавено дека на земјоделско земјиште во селото Блатец, виничко, кај место викано Севровица, кое го користела под долгорочен закуп, бил направен ископ без нивно знаење,“ информираат од СВР Штип.
„Полициски службеници од ОВР Виница заедно со вработени од Археолошки музеј „Теракота“ – Виница извршиле увид на местото и било констатирано дека периодот од ноември 2022 до 16.02.2023 бил вршен ископ со градежна механизација, при што биле забележани оштетувања на предмети за кои, имајќи ја предвид близината на археолошкиот локалитет „Мојмија“, се претпоставува дека се дел од локалитетот и имаат историско и археолошко значење“ се додава во информацијата.
За настанот биле известени Јавен обвинител и Управата за заштита на културно наследство при Министерството за култура. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.