Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го коментираше фактот дека украинскиот лидер Володимир Зеленски втора година по ред е одбиен да зборува на Оскарите.
Зеленски се обиде да се појави во неделна телевизиска програма преку видео повик откако се појави на други културни настани, но барањето беше одбиено.
„Еве го никаквецот. Зеленски не треба само да настапува на Оскарите, време е да си даде награда за главна улога во американска хорор серија“, напиша Захарова на Телеграм.
Според Захарова, Зеленски успеал хиперреалистично да отелотвори „чудовиште кое зависи од Вашингтон и дрогата“, за разлика од претседателот Голобородка во серијата „Слуга на народот“.