Дејана Бачко, попозната како „Девојката со крилја“ е родена без раце, а неодамна стана мајка и продолжува да го воодушевува регионот.
Таа и нејзиниот партнер Марко Нежиќ станаа родители на девојче кое го крстија Лара.
Таа на својот Инстаграм профил има речиси 200.000 следбеници, а откако стана мајка често објавува фотографии и видеа со својата наследничка.
Сега објави видео како ја заспива ќерка си и ги воодушеви сите. Ја држи Лара во скут, ја ниша, а во позадина се слушаат детски песни.
Дејана иако има хендикеп, таа нормално ги извршува сите секојдневни обврски, а често со своите следбеници споделува како слика, патува и тренира.
Бидејќи е родена без раце, научила да го користи своето тело на поинаков начин во споредба со другите, па на пример, со прстите држи четка за бојадисување.