Џејмс Хамблин има 37 години, тој е професор на Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Јејл и е специјалист за превентивна медицина. Овој професор се нема избањато пет години и тврди дека тоа за него е сосема во ред.
Џејмс исто така е и еден од новинарите во американското списание The Atlantic за кое пишува текстови со кои го пропагира својот недостиг на навики за одржување хигиена.
Тој инсистира дека никогаш не треба да престанеме да ги миеме рацете со сапун, но смета дека тоа не треба да биде така со останатите делови од телото. На прашањето зошто целосно престанал да води грижа за хигиената, тој одговорил:
„Па, тоа е долга приказна и всушност ќе ми биде потребна книга за да објаснам. Сакав да разберам што се случува. Знам за многу луѓе кои се бањаат многу малку. Знаев дека тоа е возможно, но сакав да се обидам и да видам каков ќе биде ефектот“, додал тој.