На денешната прес конференција евроамбасадорот Гир беше прашан дали Брисел има сознанија за восика корупција во земјнава, по најавите на американската амбасадорка дека на списокот ќе се најдат едно или две имиња.
-Најпрво прашањето за корупција, навлегува во сршта на пристапниот процес. Тоа е толку многу важно што го вклучивме во основите. Ја испитуваме борбата со корупцијата и се трудиме да се бориме со таа борба во секоја фаза од тој процес. Не се работи на идентификување на поединци, туку за промена на системот. Сите да знаат дека не постои толеранција за корупцијата. Тоа е долгорочен процес во кој сме вклучени, имаме важна улога, но Владата ја има водечката улога, но и граѓанското опшество, бизнисите и политичките партии. Немам увид во поединци кои би можеле да бидат цел на санкции, рече амбасадорот Гир.