СВР Куманово утрово извести за трагична сообраќајна незгода, која се случила кај наплатната рампа Романовце.
Според Регионалниот ЦУК Куманово пожарникатите од ТППЕ Куманово интервенирале во извлекување на возачот од автомобилот.
-Пожарникарите интервенирале во вадење лицето од автомобилот после тешка сообраќајна несрека, која се случи во период од 03,35 до 04,15 часот. Несреќата се случила кога патнички автомобил марка ,,голф” со голема брзина удрил во бетонска ограда на патарина – Романовце на Магистралниот патен правец Куманово – Скопје . Возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место. ППЕ интервенирале со 1 ПП возило и 4 пожарникари, информираат од ЦУК.
Претходно детали за сообраќајката соопшти и СВР Куманово.
– Денеска околу 03.27 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна станица „Романовце“ на автопат Скопје – Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото. Притоа, на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопштија од полицијата.